Регулирај. Ослободи. Манифестирај.
Реики и Трансформативна Поддршка за Личен и Духовен Развој
Mai Rei е онлајн холистички центар за личен и духовен развој, создаден од Маја Митрова С. – сертифициран Реики Мастер Учител и практичар за Законот на привлекување, со фокус на работа со длабоки внатрешни блокади, повторувачки животни обрасци и лична трансформација. Сесиите, програмите и ресурсите се достапни за клиенти од Македонија и ширум светот.
Преку работа со длабоки внатрешни блокади и повторувачки животни обрасци, Реики сесии, Mind Gym, енергетска работа, соматски практики, медитации, свесно дишење и духовна технологија, Mai Rei нуди холистичка поддршка со која внатрешниот немир, прекумерното размислување и емоционалниот и енергетскиот дисбаланс се регулираат и ослободуваат.
Самоспознавањето и јасноста многу полесно го отвораат процесот на манифестирање и привлекување на она што навистина е потребно — во секоја област од животот.
Здравје • Љубов • Односи • Пари • Работа • Лична исполнетост
Сите сесии и ресурси се наменети за холистичка поддршка, самоспознавање и личен и духовен развој. Тие не претставуваат замена за медицинска, психолошка или психијатриска грижа.
Смири го умот. Врати се кон себе
СЕ ПРЕПОЗНАВАШ ВО ОВА?
Знаци дека нешто внатре го блокира она што сакаш да го создадеш
Се трудиш, а нешто постојано те кочи — и мирот ти бега.
Знаеш дека можеш, но не знаеш што те блокира.
Внатрешен немир, сомнежи, секојдневен стрес, прекумерно размислување,
ниска самодоверба, предизвици во односите и повторувачки животни обрасци...
Промената започнува кога ќе препознаеш што те блокира и ќе започнеш да работиш со тоа.
Индивидуални сесии и програми за внатрешна јасност, емоционална интеграција и личен развој
Избери го твојот пат и добиј индивидуална поддршка за внатрешен немир, прекумерно размислување, емоционален дисбаланс, односи и повторувачки животни обрасци. Секоја сесија е приспособена според твоите потреби и темпо — за поголема јасност, внатрешна усогласеност и полесно отворање на процесот на манифестирање.
ОДИСЕЈА ЗА КВАНТНО БУДЕЊЕ
НАВИГАТОР - ИНДИВИДУАЛЕН КОУЧИНГ
ЕНЕРГЕТСКИ СЕСИИ
Индивидуална програма за лична трансформација — работа со длабоки сомнежи, внатрешен дисбаланс, животни пресврти и повторувачки модели
преку умот, телото и духот.
Индивидуален коучинг за работа со длабоки сомнежи и уверувања, повторливи сценарија, силен внатрешен немир и длабоки внатрешни записи — со јасна насока и холистичка поддршка во три фази.
Реики сесии за внатрешен мир, прекумерни мисли, енергетска работа, чакри и аура. Сесии насочени кон енергетски и емоционален баланс, присутност и внатрешна рамнотежа.
Соматски и духовни алатки за регулација, ослободување, јасност и манифестирање
Техники за заземјување, работни тетратки, картички и персонализирани алатки создадени за работа со внатрешен немир, прекумерно размислување, емоционални блокади и повторувачки обрасци — за поголема јасност, емоционална рамнотежа и поддршка во процесот на манифестирање.
Дигитални ресурси што можеш да ги користиш во свое темпо.
1.
2.
3.
4.
5.
Внатрешен немир
За самодоверба
Напнатост
Емоционални записи
За односи

Водич и работна тетратка за манифестирање и Закон за привлекување со афирмациски картички

Водич од желба до реалност со процес за манифестирање чекор по чекор

Работна тетратка за блокираност, исцрпеност и напнатост со вежби и практики

Водич и работна тетра тка за манифестирање и Закон за привлекување со афирмациски картички
Сведоштва и искуства од клиенти
★ ★ ★ ★ ★ 5.0
Базирано на 147+ верификувани ревјуа
Вистински искуства на луѓе кои поминале низ процесот на лична трансформација со Маја Митрова С. — преку Реики сесии, индивидуални програми и холистичка поддршка за внатрешна јасност, емоционален и енергетски баланс, односи, самодоверба и работа со животни обрасци.
★ ★ ★ ★ ★ 5.0
Martina K.
10.05.2026
Маја има некоја смиреност што многу ретко се среќава кај луѓе. Од првиот разговор осетив дека можам да се опуштам и да не глумам дека сум добро. Имав период кога бев премногу исцрпена од сè - работа, луѓе, обврски, притисок. Сега некако полесно ги поминувам деновите и не се губам толку во мислиииииии како порано
🙏🤍🌸
★ ★ ★ ★ ★ 5.0
Marta Stojmanovska
26.12.2024
Маја е една фантастична, сочуствителна душа и со почетокот на секоја средба веднаш прави да се чувствувате спокојно и опуштено, а стресот и уморот едноставно како да исчезнуваат. Таа несебично се труди да го сподели своето знаење и искуство, така да и самиот Програм е така совршено организиран и испланиран и претставува непроценлива поддршка во процесот на надминување на споствените стравови и ограничувања. Најтопла препорака!
★ ★ ★ ★ ★ 5.0
Marija Gjorgjievska Kuzmanovska
19.12.2023
Имам многу прекрасно искуство со Маја, низ реики сесии. Најпрво, каков човек е, разбран, прекрасен, лесен за да бидеш со неа во друштво. Работата низ сесиите течеше совршено, а најмногу од се - нејзиниот глас. Поим за ЗЕН смиреност. Медитации со Маја се празник за душава и умов. Најтопла препорака од ♡ за сите кои сакате светлина водилка во олеснувањето на тежини и трансформација на себе си.
Mai Rei
Реики, Mind Gym и холистички пристап кон личниот развој

Реики сесии, Mind Gym и холистички пристап кон личниот развој, емоционалната рамнотежа и внатрешната хармонија. Создадено од Маја Митрова С. — практичар со долгогодишно искуство во Реики, енергетска работа, соматски практики, свесно дишење, регресија, духовна технологија и лична интеграција.
Во Mai Rei, секоја сесија, програма и алатка се создаваат со почит кон единственоста на секој човек. Фокусот е ставен на разбирање на индивидуалните предизвици, потреби и промени што секоја личност сака да ги создаде во својот живот.

Моќта на практичарот не доаѓа од некоја посебна способност, туку од храброста и свесноста да се користи универзалната моќ која секое човечко битие природно ја поседува.



%20(2).jpg)