Transformational heARTist 🪶
ИСЦЕЛУВАЊЕ ЗАСИЛЕНО СО ЗВУК
ОСЛОБОДЕТЕ ГОДИНИ ЕМОТИВЕН БАГАЖ
БРЗО И ЛЕСНО ЗА РЕКОРДНО ВРЕМЕ
Во длабочините на нашето Битие е клучот за многу од борбите со кои се соочуваме секојдневно
Што е Трансформативно дишење?
Трансформативното дишење е револуционерен метод за подобрување на благосостојбата, кој комбинира напредни техники за дишење со повеќеслојно звучно искуство. Користи специјални звуци и фреквенции како бинаурални тонови, солфего фреквенции, соматско дишење и хипнотички водени гласови, со цел да донесе длабоко лекување и трансформација.
Замислете некаде во вашата куќа, има радио кое свири постојано, одново и одново:
-
За никаде си!
-
Ти си плашлив!
-
Никогаш нема да постигнеш ништо!
-
Никој не те сака!
-
Што и да направииш, едноставно не ти оди!
Одново и одново и одново!
Со сите тие мисли што ни се вртат во позадина и мозокот постојано го слуша истиот негативен наратив, кој се повторува повеќе од кога било, ние сме сè повеќе склони на:
Што се случува со нас за време на сесијата?
Брзо рестартирање на умот и телото:
Дишењето не само што помага да се ослободиме од длабоко потиснати емоции и трауми, туку исто така ни помага да ги промениме старите навики и верувања. Тоа е пат кој брзо ги елиминира причините за проблемите што ги чувствуваме во животот: анксиозност, стрес, нарушен сон, недостаток на енергија, ниска самодоверба и многу други емоционални предизвици, свесни или несвесни.
Промена на свеста:
Кога ќе сфатиме дека проблемот не е самиот проблем, туку нашиот однос кон него, започнуваме да го гледаме животот од поинаква перспектива. Дишењето ни помага да ги ослободиме менталните обрасци што го диктираат нашето искуство. Како резултат, чувствуваме повеќе хармонија, енергија и внатрешен мир, и стануваме подготвени да преземеме одговорност за нашиот живот и да направиме позитивни промени.
Состојба на "проток":
Додека практикуваме дишење, се намалува активноста на деловите од мозокот што го поддржуваат егото. Тоа создава состојба каде што границите помеѓу нас и околината се топат, а ние се чувствуваме како да сме во "проток", како да имаме пристап до длабоките ресурси на нашиот ум.
Духовна поврзаност:
Ние сме духовни битија со човечки искуства. Работејќи со здивот, многумина доживуваат чувство на поврзаност со нешто поголемо од нив самите, нешто што ги надминува просторот и времето. Ова води кон позитивни емоции како љубов, радост и мир, и помага во откривање на длабока смисла и цел во животот. Овој процес нè води кон поголема самодоверба, длабока интуиција и способност полесно да се справиме со предизвиците во животот.
НАСКОРО!
ОВИЕ СЕСИИ ЌЕ БИДАТ ДОСТАПНИ И ОНЛАЈН.
ЗА СИТЕ НОВОСТИ ЗАСЛЕДЕТЕ МЕ НА ИНСТАГРАМ
Кога сме во тета состојба, нашиот ум станува неверојатно подложен на сугестија, а креативноста и имагинацијата се значително засилени.
Меѓу 2 и 8 години, целиот ваш свет беше обоен од тета мозочни бранови. Како „сунѓер“ на околината, сте ги впивале сите чувства и влијанија околу вас. Ако тоа опкружување било полно со стрес или негативност, тие емоции можеби се длабоко втиснати во вас.
Програмите што сме ги стекнале во оваа фаза од животот често остануваат вкоренети и денес. Но, за оние кои сакаат да го сменат својот внатрешен свет, тета состојбата е една од најефикасните начини за репрограмирање на мислите и емоциите.
Еден од најдобрите начини да ја достигнете тета е преку работа со здив – техниката која природно нè води кон подлабока свест и ослободување од негативните обрасци.
Работата со здив носи убавина во својата едноставност: ве вaди од умот и ве сместува во телото. Телото нема потреба да разбере, објасни или анализира. Само ги подига потиснатите чувства и искуства на површината, за да ги ослободиtе и продолжиtе понатаму.
Замислете го вака: можете години да поминете во анализа на минатото, објаснувајќи си ги вашите однесувања и мисли. Да, можеби откривате од каде доаѓа проблемот – но, што се случува потоа? Образецот на тие стари искуства останува закотвен во телото, чекајќи повторно да се појави.
Без соматско, телесно ослободување, остануваме во кругот на „разбирањето“, но не и на промена. Тој модел на однесување е длабоко запишан во вашето тело и влијае на вас дури и кога свесно сакате да го напуштите.
Се разбира, анализата е важна, но не е единствена. Соматската работа со здив ви овозможува да продредувате во потсвеста и да ги промените обрасците веднаш.
Со тоа, започнувате да мислите, чувствувате и делувате на нов, поддржувачки начин, надвор од стариот круг на размислување. Не би ли било неверојатно да го скратите патот до вистинска промена, надминувајќи години анализа и сложени процеси и едноставно да започнете да живеете слободно, тука и сега?
Резервирајте го вашето место веднаш, бидејќи групите за овие сесии брзо се пополнуваат.
Дозволете си да се ослободите од старите обрасци и да го доживеете мирот што го заслужувате.
На линкот можете да го изберете терминот кој најмногу ви одговара!
П.С. Не пропуштајте ја шансата – местата се ограничени и брзо се пополнуваат!
Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега