Кој е вашиот најголем страв - дали имате список? Дали се плашите од темнината, од подрумите и маглата? Можеби се плашите од пајаци и змии или од помислата дека немате сè што ви е потребно? Можеби вашиот страв е да бидете сами, или од старост, побелена коса, од болести. Можеби се плашите од јавно говорење или големи височини, богатство, слава, светла на висококатниците во големите градови?...
Стравот се дефинира како непријатна емоција, предизвикана од помислата на опасност.
Преку мојата практика со методите кои ги користам, се враќаме во нашата природна состојба на совршени вибрации. Ја бараме животната вистина со длабок љубовен фокус и пристигнуваме во сегашноста без хокус-покус!
Сакам со вас да споделам едно слатко задоволство за телото и умот.
Легнете во поза Савасана
За да имате удобност постелете под вас ќебе и легнете на грб врз него.
Рацете нежно нека се одмораат покрај вас, дланките свртени нагоре, прстите се раширени и опуштени.
Оставете ги колковите да се ослободат, опуштете ги нозете и оставете ги стапалата и прстите да бидат слободни.
Нежно затворете ги очите и полека почнете да дишете низ носот.
Дозволете му на вашето тело да стане лесно, топло и опуштено.
Почувствувајте како телото дише со вашиот здив, ритмично и смирувачко.
Скенирајте го вашето тело од глава до пети за да приметите каде имате напнатост или затегнатост, вдишете, издишете и свесно дозволете овие области нежно да се ослободат и да се релаксираат.
Продолжете да се опуштате со со секој здив, дозволете му на вашиот ум да се смири се додека почувствувате дека се движите подлабоко во состојба на леснотија и релаксација.
Одморете се во оваа поза 5-15 минути.
Доколку прв пат сте овде - вратете се на претходниот пост кој е оснава за пишувањето на овој пост.
Comments