Ова се седумте деструктивни чувства кои можат да го уништат вашето здравје и да станат сериозна пречка во вашата животна цел.
Навреда
Незадоволството може да биде предизвикано од постапки или зборови на друго лице. Ова може да се направи намерно или случајно. Тогаш тој кој што е навреден - трпи. За време на незадоволството, во неговата глава се нанижуваат многу негативни мисли кои може да предизвикуваат сериозна психолошка болест - депресија.
Осаменост
Ова е неволја на денешното време. Топлата комуникација во живо неможе да биде заменета со социјалните мрежи ниту електронските пораки. Осаменоста ја поткопува внатрешната хармонија, предизвикува анксиозност и депресија. Комуницирајте во живо со роднините и пријателите, не заклучувајте се во четири ѕида.
Тага
Има многу причини да се биде тажен во животот. Но, треба да се обидете да ја избегнете оваа состојба и да најдете позитивни аспекти во сè, во спротивно можете да му наштетите на сопственото здравје, а среќата ќе се одврати од вас. Во депресивна состојба, едно лице му штети на респираторниот систем: потешко е кислородот да навлезе во белите дробови. За многумина, состојбата на депресија предизвикува лоши навики, а тоа влијае и на здравјето и на нашата енергија.
Ако во себе забележите и најмала манифестација на завист, обидете се да го искорените ова деструктивно чувство. Зависта ја одзема енергијата. Како резултат на тоа вие не можете да се приближите до зацртаната цел. Поради празнините во енергетската внатрешност и аура, може да се добијат бројни здравствени компликации, особено оние поврзани со настинки, бидејќи имунолошкиот систем е нападнат од завист.
Ова е можеби најстарата човечка емоција која му помогнала да го спаси животот на Земјата. Но, денес стравот предизвикува само несигурност и други негативни искуства. Стравот ја успорува областа на мозокот која е одговорна за бубрезите. Затоа, постои ризик од стекнување на бубрежни нараушувања
Стрес
Тешкотиите во личниот живот, на работа, во партнерските односи, можат да бидат важни фактори за стрес. Во состојба на стрес, едно лице станува ранливо и подлежно на заразни болести, болести на кардиоваскуларниот систем и многу други. Стресот го зголемува крвниот притисок и го зголемува ризикот од срцев удар.
Шок
Не ни користат неочекувани и често непријатни ситуации кои можат да не шокираат. Во состојба на шок доаѓа до моќно ослободување на адреналин, што резултира со силно чукање на срцето, потење, вознемиреност и страв. Користете различни психолошки техники за да ја зајакнете вашата внатрешна одбрана и да не се предавате на сите тие предизвикувачи.
И запомнете, само со промена на свеста - заедно го менуваме светот!
Comments