top of page
  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube
Writer's pictureMai Rei

Зошто парите "беагаат" од мене?

Јас го заслужувам и прифаќам најдоброто, сега!


Сигурна сум дека сите ние сакаме оваа изјава да биде дел од нашето секојдневие. Кај некои сето тоа успева многу лесно и едноставно, додека кај други ова претставува постојано измачување пропратено со многу прашања кои започнуваат со Зошто?



За да продолжам со пишувањето, сакам најпрво да споделам со вас една кратка вежба која ќе ви даде одговор на ова ваше прашање кое започнува со Зошто?


Седнете на удобно и мирно место. Затворете ги очите. Земете неколку длабоки вдишувања и издишувања (преку нос). Откако ќе се опуштите, фокусирајте се на вашата внатрешност (срцето). Замислете како пред вас стои некој кој го познавате и кој е богат. Во рацете држи многу пари за кои е спремен да ги потрши за себе. Набљудувајте го! Набљудувајте сè што може да направи со нив.

Сега станете свесни за мислите кои ви доаѓаат. Без да се лажете себе си, приметете кои мисли ви доаѓаат за таа личност поврзана со парите.

Запишете ги мислите во вашата тетратка. Ова е важно, затоа што тие мисли насочени кон некој човек кој е богат и кој може да си дозволи сè што ќе посака, всушност се вашите негативни обрасци, верувања за парите и причината зошто ги немате во количина доволно за да живеете слободно и опуштено.

Овие одговори кои ги добивте се вашата насока на која треба да продолжите да работите.


Се сеќавате ли на драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле во која темата е животот и трагедијата на едно македонско сиромашно семејство кое е принудено да го испрати својот единствен син на печалба, а идејата е јасно изразена во насловот — проклетството на парите?


Дали во вас постои ова верување за парите или некое слично на него?

Дали кога помислуваш на некој кој има пари, истовремено ти поминува мисла или кажуваш гласно некоја негативна реченица, на пример:

- Парите се зло!

- Еее оној има пари, ама здравје нема!

- Тоа се валкани пари!

- Богатите луѓе се бесчувствителни, скржави и расипани!

- Никогаш нема да имам пари!

- Никогаш нема да заработам толку пари!

- Штеди за тешки денови!

- Јас морам да се мачам за да дојдам до пари!

- Треба да работам нечесно за да имам пари! Не сакам!

- Не заслужувам да имам пари!

- Судено ми е да сум сиромашен/а!

- Никако не давај пари на заем!

- Ги презираш другите кои имаат пари!


Ако верувате во некое од овие тврдења, тогаш бидете сигурни дека никогаш нема да имате пари, односно никогаш нема да можете да ја живеете во целост оваа афирмативна реченица - Јас го заслужувам и прифаќам најдоброто, сега!, бидејќи се е поврзано со нашите мисли, а мислите создаваат емоции, а емоциите формираат наши уверувања, а уверувањата стануваат нашата реалност!


Затоа започнете постепено да ги интегрирате во просторот, онаму од каде што и дојдоа, и нека не бидат повеќе дел од вашето верување и внимание.


Маи Реи

@Текстот е авторски и се забранува негово копирање

4 Comments


elizabetohrid
elizabetohrid
Mar 02, 2022

Prekrasno napisano a vo taa vezba jas za sebe kazuvam deka se pronajdov, no blagodarenie na vas na pisanoto da ne bidat povejke del od naseto veruvajnei i vnimanie ke go vmetnam vo mojot zivot. Ti blagodaram od srce ❤️🍀🙏

Like
Mai Rei
Mai Rei
Mar 02, 2022
Replying to

Супер 🙏🥰💖😘

Like

katerinabudimovska
katerinabudimovska
Mar 02, 2022

Kolku ubavo objasneto 😊Ti blagodaram Maja🙏🥰💖😘

Like
Mai Rei
Mai Rei
Mar 02, 2022
Replying to

Ти Благодарам Катерина❤️

Like

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Смири си го умот. Смени си го живот.

bottom of page