Медицинската наука тврди дека смеата е една од најдобрите и најприродни лекови кои природата може да ни ги даде.
Сериозноста никогаш не била религиозна и не може да биде религиозна. Tаа доаѓа од егото и е вистинска болест. За разлика од неа, смеата е вистинската суштина на религијата и таа е без его.
Сериознот човек создава бариери. Тој не може да игра, не може да пее, не може да прославува. Неговиот живот се претвора во трагичен хаос. Дури и кога се смее, не се смее.
Дали вашата смеа е вистинска?
Еве како да го препознаете тоа.
Приметете кога се смеете дали тоа доаѓа од твоето срце, дали во стомахот ве скокотка нешто?
Ако смеењето не е нешто што доаѓа од вашиот центар и е само нешто што фигурира во периферијата, време е да превземеш чекори за тоа, во спротивно може да биде многу сериозно за вашето здравје и живот.
Смеата повеќе не е смеа. Таа се поагресивно ја губе својата чистота. За жал, мал е бројот на луѓето кои умеат да се смеат на оној чист и едноставен начин – како дете. А ако не можиш да се смееш на чист, невин начин, ја губиш твојата чистота, твојата невиност. А кога насмевката е згрчена, тогаш и плачењето е згрчено.
Само оној кој во целост се смее, може и во целост да плаче. А ако се смееш и плачеш, ти си жив. Мртвиот човек не може ниту да се смее, ниту да плаче. Мртвиот човек може да биде само сериозен (мртов сериозен).
Смеата носи сила. Дури и медицинската наука тврди дека смеата е една од најдобрите и најприродни лекови кои природата може да ни ги даде. Ако можиш да се смееш додека си болен, наскоро ќе го вратиш твоето здравје. А ако не се смееш додека си здрав, наскоро ќе бидеш болен. Смеата носи нова енергија и таа почнува да се разлева, пратејќи ја смеата како сенка.
Дали некогаш си приметил?
Кога се смееш од срце во тие неколку моменти се наоѓаш во вистинска состојба на медитација. Мислите ги снемува. Невозможно е да се смееш и да размислуваш истовремено. Кога вистински се смееш, одеднаш умот исчезнува. Целата зен – методологија е во тоа како да се стигне до таа состојбата без мисли. Смеата е една од најубавите врати за влез во тоа.
Остани сега тука, во овој свет, и продолжи го својот пат, продолжи го патот со длабоко смеење во твоето битие. Танцувај во твојата стаза до Бога! Пеј во својата стаза до Бога!
-Ошо-
Ma'i Rei
Super