top of page
  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube
Writer's pictureMai Rei

Како да ја обновите искрата во љубовната врска

Како да ја обновите “искрата”

Прв чекор: Наместо да барате од него да биде фокусиран на вас, фокусирајте се на себе.


Она што мажот го возбудува кај една жена е тоа кога таа е независна во однос на него. Кога мажот е со независна жена, тој чувствува дека има рамноправен партнер покрај себе. Кога таа ги напушта своите секојдневни активности за да биде со него, тој полека почнува да ја гледа како сè помалку и помалку интересна. Наместо да мисли дека освоил премија, тој сега почнува да ја гледа како товар.


Првото нешто што треба да го направи жената, за повторно да се активира онаа секси “искра”, е да ја пренасочи својата енергија кон себе. Таа мора да ги развива своите интереси кои не се поврзани со нејзиниот партнер. Исто како што тоа го правела кога тој се појавил во нејзиниот живот. Жените кои посветуваат време и внимание на сопствените интереси се многу повозбудливи за мажите.


Кога го “живеете својот живот”, оставате впечаток дека не сте толку многу заинтересирани и нетрпеливи. Кога сте релаксирани, вие ја елиминирате вашата “потреба”, “зависност”од него. Вие веќе не изгледате несигурно, а со тоа динамиката на заспаната врска почнува веднаш да се менува.


Ако сакате да го вратите предизвикот, потребно е да продолжите со активностите со кои сте се занимавале пред да се појави тој во вашиот живот.

Кога за прв пат ќе му кажете дека не можете да се видите поради нешто друго што веќе сте го испланирале, тој веднаш ќе го забележи тоа. Ќе го фатите неподготвен – и тој впечаток ќе продолжи да делува.


Гледајте таа активност да биде нешто сосема безначајно: презентација на садови, плетење, градинарство…Бидете сигурни дека егото нема да му дозволи да те изгуби поради еден џемпер, растенијата или садовите од глина.

Што и да одберете, ако навистина сте заинтересирани за тоа, а не за него, ќе го привлечете повторно.

Загарантирано!


Ќе си го постави себе си истото прашање што си го поставувал во првите недели кога почнал да се забавува со вас: “Како е можно повеќе да сака да го прави тоа, отколку да биде со мене?”

Кога ќе покажете дека не сте подготвени да се откажете од сè за да би биле со него, ќе оставите впечаток дека имате исполнет живот.

Тоа ќе го потсети на вашата вредност и сигурно ќе се обиде повторно да ви се приближи.


Следува продолжение.... 


Извадоци од делата на Шери Аргов


34 views0 comments

Comments


Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Смири си го умот. Смени си го живот.

bottom of page