Едноставни чекори до вистинско простување.
“Прости и ќе ти биде простено”. (Библија: Лука 6:37)
Силата на простувањето е една од најсилните и најхрабрите успеси на човекот. Простувајќи му на некој што навистина ве повредил – вие го отфрлате товарот кој не ви дозволува да се движите напред и да бидете среќени.
Постои една божествена фраза: “Непростувањето е исто како да сте испиле чаша отров и чекате вашиот противник да умре”. Така е!
На кој му е полошо? Вас или на тој на кој не можете да му простите?
Се случува да бидете лути и навредени од некој, а тој дури и не се сомнева во тоа, тој си го живее својот среќен живот. Сторете го истото!
Кои се чекорите до вистинското простување?
Простувањето е всушност процес, а не едноствена акција.
Има безброј пристапи за разбирање на овој процес, а овде ќе наведам неколку кои можат да ви помогнат во тоа.
Чекор 1: Признај
Признајте ја повредата. Кој те повредил и зошто го направил тоа? Каков е контекстот на ситуацијата и пред колку време се случило тоа?
Чекор 2: Разгледај
Разгледајте како болката и разочарувањето влијаеле на вас. Зборот „разгледај“ е клучен овде бидејќи вклучува размислување пред да се донесе одлука. Пред да одлучите дали ќе му простите или не на некој, размислете за негативните чувства што сте ги стекнале по случката.
Како болката ве промени? Колку грешката на личноста била штетна за вашиот живот или за некој друг?
Чекор 3: Прифати
Прифатете дека не можете да го промените минатото. Време е да си признаете себеси дека вашиот гнев кон личноста нема да го промени она што го направила. За време на овој чекор мора внимателно да размислите дали сакате или не сакате да простите.
Чекор 4: Одреди
Одредете дали ќе простите или не. Ова е моментот кога процесот на простување или ќе започне или ќе заврши.
Чекор 5: Поправка
Поправете го односот со личноста која ви згрешила. Актите на поправка може да вклучуваат: разговор и кажување на сè што мислите за таа ситуацијата, убави зборови, едноставни гестови или дури и подароци, а добрата страна на ова е што можете да го направете мисловно, визуелизирајќи ја личноста.
Чекор 6: Научи
Научете што значи за вас простувањето. Досега веројатно мислевте дека простувањето е повеќе за нивна, а не за ваша корист.
Но, јасно е дека простувањето е начин за да дојдете до затворање на тој круг.
Чекор 7: Прости
Конечно простете и на личноста која ви згрешила. Можете ова да го направете визуелизирајќи ја како стои пред вас. Во некои случаи, можеби ќе бидете принудени вербално да простите, дури и ако не очекувате љубезен одговор, но ако сте ги следеле претходните чекори, тогаш нивната реакција навистина нема да ви биде важна. Она што ќе биде важно е дека сте нашле начин да се ослободите и да продолжите понатаму.
Прости и живеј среќно и слободно!
Comments