Секогаш и на се кажувај – Благодарам!
Овој едноставен израз на благодарност што се појавува во срцето има огромно влијание. Тој ја прочистува душата од осуди, претпоставки, стравови, чувство на одвоеност, конфликти, па дури и од меланхолијата. Го доведува умот во неговата природна состојба – Свесноста.
Не треба да анализирате или рационализирате, само пуштете благодарноста да протече од срцето.
На почетокот може да изгледа: еден субјект му зборува на другиот “Ти благодарам” – и тоа е сосема природно. Но постепено, кога ќе дозволиме спонтано да произлезе длабока благодарност, доаѓаме до целосно единство каде што не постои поделба меѓу “Јас” и “Ти”, каде постоењето изразува Благодарност за Постоењето.
Ова е многу моќен начин да се врати умот во состојба на смиреност, јасност и радост.
Iskazuvajneto na blagodarnost e vejke rutina koja e vo sklop na mojot zivot blagodarenie na vas, zatoa sekoj neka se sluzi so ovaa fraza za da mu se vrajka i so toa samiot ke se uverit vo svojata sposobnost, vrednost kako individua.
Ti blagodaram za se od ❤️🙏
So Blagodarnost sto ti me nauci da ja iskazuvam kon se jas vistinski ja doziveav sostojbata na smirenost radost i so mnogu pojasni raboti 🥰💖😘
Мене секогаш искажувањето Благодарност ми дава сила.Едноставно се рестартирам кога се заблагодарувам.Го правам тоа секојдневно.♥️🙏
Искажувањето Благодарност ги намалува негативните влијанија како огорченост, потреба да избувнеш, стрес...со еден збор те враќа во нормална смирена состојба!