top of page
  • Facebook
  • Instagram
  • YouTube
Writer's pictureMai Rei

Премногу Размислуваш?


Ниту најголемиот непријател неможе да ти нанесе толку штета, колку што можат твоите мисли.


Мислите се материјални.

Буда рекол: “Умот е сè. Стануваш тоа што мислиш”. Ако човекот зборува или дејствувава со зли мисли, секогаш ќе биде придружуван од болката.

Ако човекот зборува или дејствува со чиста намера, секогаш ќе биде придружуван од среќата. За да живееме правилно, треба да го напополниме умот со “вистински” мисли.


Нашите мисли се нашата моќ.

Мислите секогаш дејствуваат. Со мислите делуваме на себе и на својата околина, на идните и на минатите случувања. Само проблемот е што сето тоа го правиме хаотично и воопшто не сме свесни за ефектот на нашите мисли.


Што значи тоа?


Првиот начин на делување на мислите е кога предизвикуваме случка која е спротивна од тоа како размислуваме за неа, односно спротивна од тоа како ние замислуваме дека треба да биде. Кога постојано мислиме на некое идно случување, тогаш ние ја забрзуваме неговата енергија и правиме спротивност – нема да се случи или ќе се случи спротивно.


Вториот начин на делување на мислите е кога преку нив предизвикуваме случувања онака како што сме размислувале за нив.

Значи, најпрво треба да се доведеме во состојба да се промениме себе си и да се спознаеме себе си како Творецот. Тоа е основниот принцип според Законот на привлекување. Без работа на себе, целиот тој процес на привлекување е неуспешен. Прифатете ја одговорноста за тоа каде се наоѓате денеска, бидејќи ниту твојот најголем непријател неможе да ти нанесе толку штета, колку што можат твоите мисли!

Со нашите мисли ние го развиваме Светот.

Промени ги своите мисли, за да го промениш својот животот.


Еве како да го одвлечиш вниманието од прекумерното размислување, негативните црни, деструктивни мисли...


ВЕЖБА


Кога и да ви надојдат мисли кои што не кореспондираат со она што вие сакате за себе, негативни, црни, деструктивни, прекумерни мисли (overthinking), направете го ова:


  1. Затворете ги нежно очите и земете 3 длабоки вдишувања и издишувања пати преку нос

  2. Сети се на настан кој во тебе предизвикал чувства на голема радост, смиреност

  3. Внеси се целосно во таа сцена или слика

  4. Не ја заборавај благата насмевка на себе и нежното ритмично дишење.

  5. Вкорени ја оваа сцена и чувства длабоко во себе, со тоа што секогаш кога ќе се појават негативни или прекумерни размислувања (overthinking), ќе направиш замена со оваа убава случка и чувства.


Напишете како делува оваа вежба на Вас. Дали ја чувствувате промената?

Запомнете - Кога споделувате убави мисли пред другите нивната енергија 10 пати се зголемува. Затоа пишувајте!




143 views0 comments

Comments


Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Помалку стрес во текот на целата година! | Добијте понуда сега

Смири си го умот. Смени си го живот.

bottom of page