Transformational heARTist 🪶
Што не е Реики?
Реики не е религија - може да биде компатибилен со различни религии. Создаден е со собирање на древното знаење од различни меридијани, од различни култури и религии кои се користеле за подобрување на здравјето и благосостојбата на луѓето.
Реики нема штетни ефекти и може да се комбинира со други методологии и третмани. Не е замена за модерната медицина, но може да се користи како додаток. Важно е да се нагласи дека доколку имате какви било симптоми, прво треба да се консултирате со вашиот избран лекар.
Реики не е решение за сите ваши проблеми. Често се чини дека ни го отежнува животот. Тој секогаш ни го носи она што е најдобро за нас, што не значи дека секогаш ќе ни донесе полесен пат и она за што ние мислиме дека е најдобро за нас. Со практикување на овој уникатен метод, стануваме посвесни за тоа колку треба да работиме на себе. Ако сме доволно отворени да му дозволиме да не води, Реики може да биде наш поттик да ги видиме нашите потенцијали и да ги развиеме. Ќе ни ги покаже неисцрпните извори на ресурси во нас кои ќе ни донесат нови знаења и можности.
Помалку с трес во текот на целата година! | Добијте понуда сега